„Шлиц“ во Гевгелија со Арт рок концерт
Во организација
на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, на 19 декември, 2022 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одржан Арт рок концерт на бендот „Шлиц“. Џијан Емин- гитара и вокал, Драган Гиновски- гитара, Дарко Мучев- бас, Гоце Стевковски- тапани и Ади Имери- гитара ќе изведат авторски композиции на Џијан Емин, преземени од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова и композиции создадени за проектот „Улица“, по текст на Славко Јаневски. Визуелизациите се на Емил Петров. Концертот ќе започне во 19:00 часот, а влезот е слободен.