Општина Гевгелија на Кинолошкиот викенд со штанд за промоција на туризмот
И годинaва,
во Гевгелија се одржа Кинолошки викенд „Гран при“ во организација на Кинолошката асоцијација на Република Македонија и Кинолошкото друштво „Кожуф“ од Гевгелија. На Кинолошкиот викенд во Негорските Бањи- Гевгелија, покрај двете Меѓународни изложба на расни кучиња и Националната изложба на расни кучиња, беа одржани и три специјализирани изложби на поединечни раси на кучиња, на кои, oсвен изложувачи од Македонија, учествуваа и од: Индонезија, Израел, Полска, Бугарија, Романија, Србија, Грција, Украина, Русија... Во организацијата на настанот беа вклучени и: Kлубот за Француски булдози од Македонија, Македонски клуб за Kane Korso и Македонски клуб за Доберман.
Општина Гевгелија учествуваше на Кинолошкиот викенд „Гран при“ со свој штанд, на кој беа изложен репрезентативен пропаганден материјал како дел од платформата за промоција на туризмот во Гевгелија и можност за привлекување на вниманието на гостите од странските држави за повторно доаѓање во Гевгелија и користење на туристичко-угостителските потенцијали, капацитети и природни погодности, имајќи ја предвид бројната присутност на настанот.
Кинолошкиот викенд е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансиска поддршка на НОВ-секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2023 година.