„Катарзична исповед“ на Мирјана Крстева Массетти
Во Уметничката галерија „Амам“ во Музеј, Гевгелија,
пред многубројни љубители на ликовната уметност, беше отворена самостојната изложба на дела на авторката Мирјана Крстева-Массети, гевгелискиот ликовен уметник. Директорката на Домот на културата, Весна Ристова, го искажа своето задоволство што Домот се јавува во улога на организатор на изложба на еден од најпрепознатливите ликовни уметници од нашиот град. Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, поздравувајќи ги присутните, изрази задоволство што изложбата на Мирјана Крстева Массети се случува во предвечерието на општинскиот празник и посака уште многу дела да излезат од нејзината работилница. За делата и творештвото на Массети говореше, и изложбата ја прогласи за отворена, кустосот на Уметничката галерија во Куманово, Драгана Спасковска. Секое дело, истакна таа, претставува една исповед, мало ехо за талкањата низ сопствените ужаси на уметникот, неговите прашања, покајанија и одговори. Се започнува и има свој крај во човековата душа. Овој пат катарзата е потрага кон безусловната љубов.