Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2024 година
Oпштина Гевгелија го објави
Конкурсот за финансирање проекти од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2024 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во државата за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи.
Конкурсот е отворен до 15 ноември 2023 година. Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2024 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2024 година, којашто ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.
Општина Гевгелија ги потсетува корисниците на буџетски средства по Програма за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2023 година дека се должни да достават наративен и финансов извештај за реализираните активности до крајот на декември 2023 година. Носителите на активности кои нема да достават финансов и наративен извештај, нема да бидат опфатени во Програмата за наредната година.