Конкурс за финансирање активности од областа на спортот за 2024 година
Oпштина Гевгелија го објави
Конкурсот за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Конкурсот e отворен до 15 ноември 2023 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година“.
Aпликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година, којашто ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.
Општина Гевгелија ги потсетува корисниците на буџетски средства по Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година дека се должни да достават наративен и финансов извештај за реализираните активности до крајот на декември 2023 година. Носителите на активности кои нема да достават финансов и наративен извештај, нема да бидат опфатени во Програмата за наредната година.