Втора јавна презентација и јавна анкета за ДУП Блок 1.5, КО Општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира втора јавна презентација
и јавна анкета за Детален урбанистички план за Блок 1.5, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 17 ноември 2023 година (петок), во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 11:00 часот. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 17.11. до 30.11.2023 година.
Деталниот-Урбанистички за Блок 1.5, КО општина Гевгелија зафаќа површина од 2,03 ха. Границата на планскиот опфат се движи по осовините на улица „Маршал Тито“ на север, улица „Јосиф Јосифовски“ на југ, улица „Ѓорги Велков“ на исток и улица „Солунска“ на запад“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забeлешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.