Јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на ДУП Блок 10.2, општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета
за измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 10.2, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 5 декември 2023 година (вторник), во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 11:00 часот. Јавната анкета ќе трае 30 дена, односно од 05.12.2023 до 05.01.2024 година.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 3,44 ха. Планскиот опфат за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план за дел од Блок 10.2, општина Гевгелија е ограничен: на север по осовините на улица „Новопланирана 8“, на исток по осовината на улица „Новопланирана 6“, на југ по осовината на Булевар „Гевгелија“ од ГУП за град Гевгелија и на запад по осовината на улица „7 Ноември“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забeлешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.