36. седница: Донесени повеќе акти за работата на Општина Гевгелија во 2024 година
Советот на Општина Гевгелија, вчера, ја одржа
својата 36. седница, на којашто со мнозинство гласови го донесе Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година. Покрај тоа, Советот ги усвои и Одлуките за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за- увтрдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници во Општина Гевгелија во 2024 година.
Исто така, беа донесени и повеќе буџетски Програми за 2024 година- за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија; изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во Општина Гевгелија; за располагање со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Гевгелија; изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија; поставување урбана опрема на подрачјето на општина Гевгелија; одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија; дезинсекција, дезинфекција и дератизација во општина Гевгелија; за активностите на Општина Гевгелија во областа на локалниот економски развој и прекуграничната соработка; за активностите на Општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија; за комуникација и транспарентност; за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на Општина Гевгелија и за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2024 година.
На 36. седница, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Гевгелија и определување тарифа/ цена. Од областа на урбанизмот, беа донесени повеќе Одлуки за- обезбедување средства од Буџетот на Општина Гевгелија наменети за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2024 година, утврдување граници на централното градско подрачје во Гевгелија и донесување Урбанистички проект со план за парцелација согласно ДУП за Блок 6, КО Мрзенци. Притоа, беа одобрени и Финансиските планови на културните и образовните институции за 2024 година, како и на ЈОУ ДГ „Детска радост“- Гевгелија, а со мнозинство гласови Советот на Општина Гевгелија го усвои Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2023 - 30.09.2023 година, со посебен осврт за периодот 01.07.2023 - 30.09.2023 година.