
Мотокрос „Гевгелија“ учесници на „Ендуро шампионат 2020“
Милан Стојанов,
Димитар Маџунков, Марио Поп-Тошев, Блашко Дебников, Ангел Пандов, Васко Киров и Даниел Јаневски, кои се членови на мотокрос клуб „Гевгелија“, на 21 јуни, учествуваа на првата трка од Државниот „Ендуро шампионат за 2020 година“ која се одржи во Велес во организација на МК Мото-Велес, а во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМА) и Општина Велес.
Минатиот викенд, на 14 јуни, овие членови учествуваа на првата мото-крос трка на патеката „Орман“ во Скопје. Оттаму се вратија со освоени три медали, Димитар Маџунков освои прво место во класата МХ2, додека Марио Поп Тошев беше втор во истата класа, а за второ место во класата МХ се избори Блашко Дебников.