Image
Општина Гевгелија

Туризам

Accommodation

Image

Restaurants, coffee bars and night clubs

Image

              Покрај Гевгелија поминува една од најзначајните трансферзали со европските патишта, автопатот Е-75 и меѓународната железничка пруга Скопје-Солун, кои ги поврзуваат Средна и Источна Европа со јужниот дел на Европскиот континент, а понатаму со Блискиот исток.

 

            Гевгелија е распослана крај самата македонско-грчката граница, на десното крајбрежје од реката Вардар, а на нејзината територија се наоѓаат патниот граничен премин Богородица-Евзони и железничкиот Гевгелија-Идомени.

 

            Најголемото балканско пристаниште на Егејското море Солун е на само 70 километри од Гевгелија, која пак е оддалечена 158 километри од метрополата на Република Македонија - Скопје.

 

            Низ транзитниот Коридор 10 годишно минуваат над 4 милиони  патници, што несомнено зборува дека Гевгелија претставува значајна транзитна крстосница.

 

          Но, истовремено и европска порта за Република Македонија.

 

          Природните, климатските и географските погодности, како и богатото културно наследство овозможуваат во општина Гевгелија подеднаков развој на  транзитниот, бањскиот, планинскиот и културниот туризам.

 

            Зголемениот протек на патници преку македонско-грчката граница, пред се, на грчки држвјани, придонесе во Гевгелија и околината да бидат подигнати хотелски капацитети со над 700 легла.

 

Хотелските капацитети се зголемуваат, бидејќи домашните и странските инвеститори се се позаинтересирани за изградба на нови хотели крај автопатната делница од Гевгелија до македонско-грчката граница.

 

             Хотелот "Аполонија", најстариот туристичко угостителски објект во центарот на градот, располага со 70 легла, казино, ресторан, сала за состаноци, банкет сала, гифт-шоп, летна сцена и други содржини.

 

             Мотелот "Вардар", на крајбрежјто на реката Вардар, со својата местоположба претставува традиционална туристичко-угостителска дестинација за гевгеличани, но и за странските гости.  

 

             Хотел-казино "Фламинго" е првата туристичко-угостителска станица крај граничниот премин Богородица за сите туристи кои влегуваат во Република Македонија. Располага со 120 легла, ресторан, казино, бар, спа центар.

 

             Во непосредна близина на преминот Богородица турската компанија "Принцес", изгради луксузен хотелски комплекс:хотел „Рамада Плаза“ и казино „Принцес“, кој  располага со 200 легла, казино, ресторан, шопинг центар и други придружни објекти.

 

На падините на прекрасната Кожуф планина се наоѓа природното лекувалиште Смрдлива вода, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасниот амбиент, но и да се лекуваат од голем број заболувања со познатата минерална вода.

 

На десеттина километри од одморалиштето се наоѓа Ски центарот „Кожуф , кој располага со шестоседна жичница, ски лифт и прекрасните скијачки терени до кои е изграден нов асфалтен пат.

 

На падините на Кожуф планина се наоѓа еден и од најпознатите природни резервати на дивеч во Република Македонија - "Милисин", сместен на 300 хектари букова и дабова шума.А, обновата на потпланинските села Хума и Конско ги најавуваат можностите за унапредување на селскиот туризам.

 

На само 4 км., северозападно од Гевгелија, се наоѓаат познатите Негорски бањи, каде што во прекрасниот амбиент со јасенова шума се наоѓаат двата извори со минерална вода, познати како "Врела бања" и "Ладна бања" со температура на водата од 40 степени Целзиусови, односно од 38 степени Целзиусови. Негорските бањи, покрај големиот број на гости кои доаѓаат на лекување на повеќе болести во базените и модерно опременото одделение за физикална терапија, претставуваат прочуена мека за спортистите. Климатските погодности, како и уредените спортски терени, привлекуваат голем број спортски екипи од земјата и странство, кои во зимските месеци престојуваат во еден од трите хотели на бањите со капацитет 300 легла.

 

Гевгелија и нејзината околина е еден од најбогатите региони во Република Македонија, каде што човекот, низ вековите на своето постоење, оставил мноштво остатоци како сведоштво на неговиот живот и активност. До крајот на минатиот век главен белег на културната историја на Гевгелија беа откриените Долновардарските некрополи од железното време и вредните наоди. Во неолитската населба на археолошкиот локалитет Вардарски рид се пронајдени фрагменти од керамички садови и мазнети камени секири карактеристични за помладото камено време.

 

            Меѓутоа, со истражувањата на Вардарскиот рид беше обелоденето највисокото достигнување на културниот развој на една цивилизација. На десниот брег од реката Вардар, а веднаш до влезот на Гевгелија, беше откриен археолошки локалитет, кој опфаќа 6 хоризонти, односно населби, различни по својата организација, архитектура и движни археолошки наоди. Станува збор за населби од праисториското и античко време со интензивен и континуиран живот од крајот на бронзеното време до падот на античката Македонска држава и воспоставувањето на римската доминација на овој дел од Балканот.

 

            Пронајдените мермерни скулптури и фрагменти, теракотите и култната пластика, мегарската чаша со симбол на македонскиот штит, сребрените монети со ликот на Александар Македонски зборуваат за значајното историско,  културно и духовно живеење во еден од најмоќните раноантички градови во Повардарието - Гортинија или Аталанта. 

 

            Овие сведоштва за уметничкото, духовното и секојдневното живеење на старомакедонскиот град на Вардарскиот рид и преостанатите пет населби се изложени во постојаната археолошка поставка на Народниот музеј во Гевгелија.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio