Природни ресурси
Климатски карактеристики
Широката отвореност на Вардарската долина, а со неа и на општината Гевгелија, кон Солунската котлина преку долината на Вардар условува силно влијание на медитеранската клима во овој регион. Ова влијание посебно е изразено во котлинскиот дел до 300 м.н.в, а помалку изменето е во ридското подрачје до 600 м.н.в. Планинската клима преовладува само во највисоките делови на Кожуф планина.Вкупен број на сончеви часови во годината изнесува 2392 часа, што може да се спореди со неколку места крај Јадранското море и во Медитеранот воопшто. Просечната годишна температура во Гевгелија изнесува 14,3°С.Најстуден месец во годината е јануари со просечна температура од 3,2°С, а најтопол е јули со просечна темепретаура од 25,7°С.Просечната годишна сума на врнежи изнесува 745,2 мм3. Распоредот на врнежите не е рамномерен, најмногу ги има во есен, а најмалку во лето.Просечниот број на денови со снежни врнежи изнесува 8,3 денови.Просечната влажност на воздухот изнесува 71-72%, во зима 81-82%, а во лето се спушта до 56%. Маглите во просторот на општината се ретка појава. Просечниот број на денови со магла изнесува 16,4. Маглите се јавуваат во есенските и зимските месеци, а најизразени се во декември со 3,3 денови. Најизразени се ветровите Вардарец и Југ. Вардарецот се јавува од северен, а југ од југоисточен правец.
Карактеристики на вегетацијата и пејсажот
Под влијание на медитеранската клима во општина Гевгелија се јавува оваа ксеротермална заедница на прнарот, во која земаат учество бројни медитерански видови. Во вертикален поглед, над прнарот се јавува дабот благун, а над него шумата ја претставуваат три појаси на букови шуми, познати како подгорски, горски и субалпски, а во нив е присутна и елата. Пејсажот по долината на Вардар е типично аграрен, во кој можат да се издвојат просторни и пејсажни вредности кои внесуваат мир и питомост на пејсажот.
Природни услови за снабдување со вода и енергетска основа
Подрачјето на општината Гевгелија се простира на дел од сливот на долниот тек на реката Вардар која претставува најзначаен водотек кој ги дренира површинските и подземните води. Поголеми водотеци кои се вливаат во реката Вардар се Сува, Коњска, Мрзенска, Кованска, Зуица, Петрушка и Јаворица река. Притоките на Вардар се релативно маловодни поради што некои од нив преку летото пресушуваат.
Територијата на општината покажува оскудност на изворски и подземни води. Просечната издашност на изворите се движи од 1 до 3 л/сек а извори со поголема издашност не се забележани. Во хидрографската структура влегуваат и акумулациите во Богородица, Топлец, Дос, Калица и други. Општината располага со богати извори на минерална и термоминерална вода. Еден од најпознатите извори на минерална вода се наоѓа на туристичкиот локалитет Смрдлива вода. Додека кај Негорските бањи и во близината на селото Смоквица се наоѓаат богати извори на термоминерална вода.
Природни услови за развој на економијата
Просторот на Гевгелиската општина според микрорелјефот диференциран е на следните комплекси: рамничарски, падински, ридски и планински. Во рамничарските и падинските комплекси се одгледуваат претежно градинарски (домати, краставици, пиперки, зелка, кромид и сл.), некои индустриски и житни култури, луцерка и интензивни лозови насади. Во ридското подрачје застапени се житни и фуражни култури, полуинтензивни лозови насади и пасишта. Планинското подрачје е под шуми и пасишта.
Бонитетната вредност на обработливите површини се изразува со 8 бонитетни класи, од кои I, II и III класа имаат највисока вредност што значи на нив можат успешно да се одгледуваат сите култури застапени на ова подрачје. Почвите со овој бонитет имаат и најголемо учество во вкупната обработлива површина. На површините од ИВ и В бонитетна класа може да се одгледува ограничен број култури со просечни производствени резултати. Останатите класи се со ниска бонитетна вредност.
Климатските карактеристики, исто како и почвените, се погодни за развој на земјоделието. За ова подрачје е значајно силното влијание на медитеранската клима.
Климатските погодности се: долг вегетациски период, високи температурни вредности, долг безмразен период, долг сончев сјај и сосема слаба облачност.Негативните влијанија на климата се во режимот и распоредот на врнежите, а во врска со тоа и во режимот на релативната влажност на воздухот. Иако, годишната сума на врнежи не е мала, тие се лошо распоредени, така што минимумот на врнежите и релативната влажност во вегетациската сезона се совпаѓа со максимумот на температурата на воздухот.Хидрографските потенцијали на општината, поради недоволната искористеност, се недостапни за наводнување на поголемиот дел од вкупните обработливи површини. Во општината постојат и погодности за развој на сточарството и живинарството.
Климата овозможува природно распространување на бројни растителни шумски видови и на појава на повеќе растителни заедници. Подрачјето на општината има вонредно поволни природни услови од кои зависи опстанокот и репродукцијата на дивечот во слободна природа, но неговата популација е за повеќе од три пати пониска од онаа што ја овозможуваат природните услови.
Општина Гевгелија има мошне поволна геопрометна, геостопанска и геотуристичка положба што се манифестира преку Вардарската развојна оска, која се надоврзува кон југ со Грција и на север со Србија, со што влегува во системот на Балканот и Европа. Општината се граничи со Грција од што произлегуваат низа предности за стопанскиот развој на општината.Орографските услови се поволни и не се појавуваат пречки во однос на пробивањето на сообраќајниците за поврзување на одделните подрачја. Исклучок претставува западниот дел од општината, но поради туристички интересните простори, експлоатацијата на шумите, користењето на извесни рудни наоѓалишта извршено е пробивање на сообраќајници и во овие простори.За општината посебно интересно е пробивањето на сообраќајниот правец кон западниот дел на Републиката, на линија Кожуф - Мариово - Пелагонија, како дел од кружната туристичка магистрала низ Македонија. Шумскиот пат преку Пољана овозможува сообраќајно поврзување на оваа општина со општина Кавадарци. Двата патни правци минуваат низ прекрасни пејсажни комплекси и шумски пространства обогатени со водопади, планински превои и други природни феномени.Основните погодности врз кои се темели туристичката перспектива на општината се термоминералните води, поволната геопрометна положба, климатските и вегетациските карактеристики, можностите за лов и риболов и др.Термоминералнате води во Негорските бањи и локалитетот Смоквица се одликуваат со низа квалитети: издашност, температура и состав на водите како поволни индикации за лекување на разни заболувања.
Во Негорската бања постојат два природни хипертермални извори, со температури од 41°С и 36°С, како и термоминерално блатиште со температура од 400С.Во долината на Конска Река се јавуваат минерални извори кај Смрдлива вода со издашност од 0,2 л/с, температура 110С и Кисела Вода со издашност од 1 л/с и температура од 4°С.Геопрометната положба на општината, низ која минува најфреквентната сообраќајница во Република Македонија, магистралниот пат Е-75 или Коридорот 10, претставуваат важен фактор за локалниот економски развој, посебно, на транзитниот туризам, во кој централно место зазема градот Гевгелија и граничниот премин Богородица.