Image
Е-Општина

Даноци и такси

Одделение за администрирање локални даноци и такси

раководител: Петранка Чавдаров

контакт: 034 212 440

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Данок на  имот за физички лица:    0,1%  
(олеснување за 50% во однос на максималната стапка од 0.2)%;

Данок на имот за правни лица:        0,1 % 
(олеснување за 25% во однос на максималната стапка од 4%);

Данок на промет:                    3%

Данок на наследство и подарок:        3 – 5 %

Данок на доход   (персоналец):            10%


НАДОМЕСТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

 Гевгелија
1. Основен степен на уреденост на градежното земјиште.
Надоместокот за основен степен на уреденост на градежното земјиште за градот Гевгелија, изнесува:
1.1. Станбени објекти                 1.500,00 ден./м2
1.2. Деловни и јавни објекти             2.500,00 ден./м2
1.3. Производни (индустриски) објекти     1.000,00 ден./м2
1.4. Бензински пумпи (згради, настрешници, 
       резервоари, рампи)                     6.200,00 ден./м2

2.Понизок степен на уреденост на градежното земјиште.
Надоместокот од претходниот став ќе се намали ако нема еден од објектите на комуналната инфраструктура што го сочинуваат основниот степен  во зависност од неговото процентуално учество во трошоците за основен степен на уреденост на градежното земјиште и тоа:
                -за непречен пристап до градежна парцела од јавен пат         50%
                -за електрична мрежа                             20%
                -за водоводна мрежа                             15%
                -за канализациона мрежа                         15%

3. Повисок степен на уреденост на градежното земјиште.
Надоместокот за основниот степен на уреденост ќе се зголеми доколку покрај објектите кои го сочинуваат  основниот степен на уреденост постојат еден или повеќе други објекти од останата инфраструктура и тоа за:
            -за улици, тротоари, паркинзи, пешачки патеки
             и други површини согласно урбанистичките планови         20%
            -за улично осветлување                         10%
            -за телекомуникациони инсталации                    10%
            -за атмосферска канализација                     10%
    Повисокиот степен на уреденост на градежно земјиште не се применува за изградба на производни (индустриски) објекти.

Населени  места Негорци, Миравци, Мрзенци, Богородица  и Прдејци

    Надоместокот за основен степен на уреденост на градежното земјиште за населените места изнесува:
    1.1. Станбени објекти                 750,00 ден./м2
    1.2. Деловни и јавни објекти                     1.250,00 ден./м2
    1.3. Производни (индустриски) објекти            500,00 ден./м2
1.4. Бензински пумпи (згради, настрешници, 
        резервоари, рампи)                6.200,00 ден./м2.
Надоместокот за понизок или повисок степен на уреденост ќе се намали или зголеми за процентите кои се утврдени за градот Гевгелија. 
Повисокиот степен на уреденост на градежно земјиште не се применува за изградба на производни (индустриски) објекти.

Туристички локалитет Смрдлива Вода

Надоместокот за основен степен на уреденост на градежното земјиште  изнесува:
        1.1. Викенд куќи                     1.500,00 ден./м2
        1.2. Деловни и јавни објекти             2.500,00 ден./м2
    Надоместокот за понизок или повисок степен на уреденост ќе се намали или зголеми за процентите кои се утврдени за градот Гевгелија. 

За изградба на објекти долж автопатот Е-75 на подрачјето на општина Гевгелија и за просторите надвор од населените места за кои ќе се донесат Урбанистички планови вон населено место.

Надоместокот за основен степен на уреденост на градежното земјиште за  изградба на објекти долж автопатот Е-75 на подрачјето на општина Гевгелија и за просторите надвор од населените места за кои ќе се донесат Урбанистички планови вон населено место, според претходно наведените критериуми, изнесува:
1.1. Деловни и јавни објекти             5.000,00 ден./м2
1.2. Производни (индустриски) објекти     3.000,00 ден./м2
1.3. Бензински пумпи (згради, настрешници, 
            резервоари, рампи)                    6.200,00 ден./м2.
Надоместокот за понизок или повисок степен на уреденост ќе се намали или зголеми за процентите кои се утврдени за градот Гевгелија. 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio