Политика на квалитет
Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2024 година
Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2023 година
Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2022 година
Претставување на Општина Гевгелија
Систем 48 (јануари-ноември 2021)
Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2021 година
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
Општина Гевгелија својата деловна филозофија ја темели на услуги кои во
потполност се усогласени со барањата на граѓаните и важечките закони.
Стратешки цели на Општина Гевгелија се :
- Задоволни корисници/граѓани
- Просперитетна и богата локална заедница.
Општина Гевгелија утврдените Стратешки цели ги остварува со почитување на
следните начела:
- Еднаквост на сите корисници/граѓани.
- Сите корисници/граѓани имаат право на заштита.
- Услугите кои ги пружа Општината мора да бидат ефикасно и економично
реализирани.
- Исполнување на потребите и очекувањата на граѓаните, согласно најдобра пракса и
Законот, е прв приоритет во вршењето на услугите на општинската администрација.
- Врвен квалитет на услугите е одговорност на секој вработен во општинската
администрација.
- Тимска работа базирана на комуникација помеѓу општинските и јавните служби
представува основа на нашата компетентност и услужност.
- Планирање, превентива, подобрување и иновации во кој се вклучени граѓаните,
вработените и другите заинтересирани страни.
- Градење на партенерски односи со сите заинтересирани страни кои учествуваат во
унапредување на нашите услуги е наша трајна определба.
- Оддржлив развој базиран на квалитет, заштита на животна средина, општа сигурност
и безбедност на граѓаните.
- Спроведувањето на оваа Политика и достигнување на нова деловна култура се
овозможува со Програми за обучување и мотивација на вработените во општинската
администрација.
- Преиспитување на Системот за квалитет од страна на Општинската управа се
реализира со цел воспоставување на процес на постојано подобрување на
планираните задачи и цели за квалитет.
Дата Градоначалник
17.11.2023 на Општина Гевгелија
Андон Сарамандов