Image
Локална самоуправа

Седници на Советот на Oпштина Гевгелија

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈA
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
СОВЕТ НА ОПШТИНА
Бр. 09-2030/1
20.12.2023 год.
ГЕВГЕЛИЈА

 

Врз основа на член 28 од Статутот на Општина Гевгелија (“Службен гласник на Општина Гевгелија” бр.25/06, 08/10, 18/14, 13/20, 02/21 и 05/21 год.), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на триесет и шестата седница
на Советот на Општина Гевгелија

Ја свикувам 36-та (триесет и шестата) седница на Советот на Општина Гевгелија за ден 27.12.2023 година (среда).
На седницата која ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 10:00 часот, предлагам да се работи по следниот

 

ДНЕВЕН РЕД:

1. Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2024 година,
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
3. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2024 година,
4. Предлог-Буџетски календар на Општина Гевгелија за 2024 година,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2023 година,
6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2024 година,
7. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2024 година,
8. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година,
9. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година,
10. Предлог-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2024 година,
11. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Гевгелија за 2024 година,
12. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2024 година,
13. Предлог-Програма за дезинфекција, дезинсекција, дератизација во општина Гевгелија за 2024 година,
14. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2024 година,
15. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија за 2024 година,
16. Предлог-Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2024 година,
17. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година,
18. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија,
19. Предлог-Одлука за определување на тарифа/цена за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Гевгелија,
20. Предлог-Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2024 година,
21. Предлог-Одлука за утврдување граници на централното градско подрачје во Гевгелија,
22. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на нови градежни парцели од градежни парцели ГП 6.2.1 со намена В2-здравство и социјална заштита, ГП 6.2.2 со намена Б3-големи угостителски единици, ГП 6.2.3 и 6.24 со намена Б2- големи трговски единици и заштитно зеленило согласно ДУП за Блок 6 (6.1 и 6.2) КО Мрзенци, општина Гевгелија,
23. Предлог-Одлука за престанок на важење на Одлуката за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 7.5.2.04 Блок 7 – Гевгелија (КП бр.2886/2 КО Гевгелија) Општина Гевгелија, бр.09-178/1 од 30.01.2023 година,
24. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2024 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2024 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2024 година,
27. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2024 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“-Миравци за 2024 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2024 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,
33. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година,
34. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година,
35. Предлог-Решение за усвојување на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2023 – 30.09.2023 година, со посебен осврт на периодот 01.07.2023 – 30.09.2023 година.

 

 

Претседател
на Советот на Општина Гевгелија,
д-р Патрик Матх, с.р
 

          

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio