
AK „7 Ноември“ учесници на трката „ХАЛК ЕКО ХРОНОМЕТАР 10km"
7 атлетичари,
членови на атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија: Тодор Петков, Дарко Прошевски, Александар Ќосев, Никола Ковачев, Атанас Епов, Стојан Делев, Александра Атанасоска Петкова , како и Валентина Узунова од Богданци, на 20 јуни, настапија на трката во Скопје „HalkEco Хронометар 10км“. Трката се одржа на Кејот на реката Вардар. Тркачите, на број 250, во машка и женска конкуренција, стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев“ на кеј на Вардар до крајната позиција, вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно назад до целта под мостот „Гоце Делчев“. Трката беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот Координативен Кризен Штаб.