
Високи постигнувања на спортските клубови од Гевгелија
ФК „Кожуф“
по одиграните 9 кола на Втората македонска фудбалска лига, е на третото место на табелата со вкупно 16 бода. ФК „Кожуф“ оствари 4 победи над: „Осогово“ (2:0), „Победа јуниор“ (2:1), „Росоман 83“ (2:1) и „Кит-Го Пехчево“ (2:1). Дуелите со „Тиквеш“ (1:1), „Филип Втори“ (1:1), „Саса“ (1:1) и „Плачковица“ (1:1) завршија нерешено. „Брегалница“ го надвладеа „Кожуф“ со резултат 2:1.
ЖРК „Гевгелија“ дојдоа до три нови победи во натпреварите со „Спартак“ (28:2), „Овче Поле“ (24:19) и „Шампион“ (31:25) на Женската лига во ракомет. По одиграни 8 натпревари екипата на ЖРК „Гевгелија“ има 1 реми-натпревар, 4 победи и 3 порази. Eкипата на ЖРК „Гевгелија“ се искачи на шестото место од 13 екипи на табелата на Женската ракометна лига со 13 бода.
Четири члена на Мотокрос клубот- Гевгелија, се вратија со освоени места на 2 Шампионат на Македонија во мотокрос. Димитар Маџунков во класата МХ2, го освои првото место. Киров Васко во класата МХ2 второто место, Стојанов Милан во класата МХ, освои трето место, а Јаневски Даниел, во класа МХ, освои второ место.
- И покрај лошите услови на патеката, благодарејќи на упорните тренинзи пред трката, сите 4 членови кои учествувавме на трката, успеавме да се избориме за медали и да се искачиме на победничкиот подиум, истакнаа членовите изразувајќи голема благодарност до своите спонзори: „Kонти Хидропласт“, „Дипс транспорт“, „Лаки егзотик“ и „Мил промет“.