
Перо Кованцалиев со ликовна изложба во знак на животната средина
Денеска,
во просториите на ЈОУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје ќе биде отворена ликовната изложба „Капиталистичка авантура“ на гевгелискиот ликовен уметник Перо Кованцалиев. Изложбата е составена од цртежи наречени „Пештерски цртежи“, на кои преовладува чадот низ различни форми и композиции.
Чадот во делата го претставува зачаденото секојдневие кое го живееме, чад од согорената материја на потрошувачкото општество. Поставуваќи го прашањето: Дали потрошувачкото општество е единствениот модел на живот кој треба да го унапредуваме и развиваме?
Притоа, уметникот упатува критика кон декларативното и номинално залагање на институциите, политичките субјекти, поединци и индустриските капацитети, односно главните протагонисти од управниот одбор на системот. Чии активности за одржувањето на животната средина се сведени на повремени лирични поеми во медиумскиот простор.
- Низ овие дела сакам лириката да ја вратам во уметничкото дело, а одржувањето на физичката, општествена и природна средина да се врати во рацете на надлежните институции, истакна Перо Кованцалиев за неговите дела.