
Второ место за АК „7 Ноември“ на „Трка на поезијата“
10 членa
од Атлетскиот клуб „7-Ми Ноември“ трчаа во Струга на првата „Трка на Поезијата - Poetry run Strugа“, во организација на здружението „Спортски мостови“. На трката учествуваа над 600 спортисти од Македонија, Србија, Албанија, БИХ. Атанас Епов го освои 3-то место на трката од 5 километри со време 17 минути и 47 секунди со само 3 секунди заостанување зад второпласираниот. Уште тројца учесници финишираа на првите 15 места. И тоа, Tодор Анчев на 7 место, дебитантот Ристо Чалков на 12 и Стојан Делев на 14 место. Оваа 5 километарска трка успешно ја финишираше и другиот дебитант Кристијан Атанасоски.
На трката од 10 километри, најбрз беше Никола Ковачев со време од 44:00, додека во женска конкуренција Валентина Узунова оствари одличен резултат од 51:17. Трката успешно ја финишираа Бојан Атанасоски, Драгица Атанасоски и Гордана Анастасова. Екипно, АК „7 Ноември“ во трката на 5 километри го зазедоа високото второ место. Оваа година, ова е најбројно учество на членови на „7 Ноември“, на една трка.