
Велосипедска тура на Здружението на пензионери- Гевгелија
Здружението
на пензионери од Гевгелија по вторпат го организираше рекреативното возење за своите членови „Пензионерите на велосипед“. На овој спортско-рекреативен настан учество зедоа педесеттина пензионери од општина Гевгелија. Возејќи од Гевгелија до Негорските Бањи и назад. Како што истакна претседателот на Здружението на пензионри, Велин Стојменов, на ова рекреативно возење пензионерите-велосипедисти беа придружувани од полициско возило и возило на Брзата помош.
- После сите проблеми создадени од пандемијата на Корона вирусот, пензионерите поминаа извесно време во природа, на чист воздух, воедно рекреирајќи се.