
Два пехара и орден за Карате клуб „Гевгелија“ на „46 Лорд куп“
На
„46 Лорд куп“- „Карате оскар 2021“ година, кој се одржа на 22 мај, 2021 година, во Скопје, во спорстката сала „Металург“- Автокоманда, членовите на Карате клуб „Гевгелија“, под менторство на тренерот Живко Аврамов, освоија два пехара. И тоа, пехар за најдобра ката 2021- машка екипа и пехар за најдобра ката 2021- женска екипа.
Додека, на тренерот Живко Аврамов, по повод 50-годишнината од оформувањето на првиот карате клуб во државата му беше доделен орден за придонес и развивање на македонското карате.