
Новогодишна претстава "Спас за царството на Дедо Мраз"
Вчера и денес учениците од ООУ„Владо Кантарџиев“ и ООУ“Крсте Мисирков“’ уживаа во новогодишната претстава
„Спас за царството на Дедо Мраз“ работена според текст на Тони Аврамов, а во режија на Даниела Џишева. Оваа интересна визуелна бајка за тоа што се случува во работилницата на Дедо Мраз еден ден пред тој да го започне неговото патување низ целиот свет за да им однесе подароци на сите добри деца, е најновото драмско дело на студиото „Дон Кихот“. .
Воодушевувањето на најмладите дечиња е најдобра потврда за успешноста на овој најнов проект на гевгелиското драмско студио, кое работи во составот на Домот на културата „Македонија“. Со проекциите во Народниот театар во Гевгелија наменети за учениците од основните училишта всушност продолжува една убава традиција во Гевгелија да биде збогатено предновогодишното расположение за граѓаните од сите возрасти.