
Навистина не снимаше мрсен филм Кавадаречкиот театар во Гевгелија
Се било само еден мрсен сон,
разбраа гевгеличани од крајот на театарската претстава „Како да (не) снимиш мрсен филм“ на Театарот при ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов- Климе“ од Кавадарци. Покрај комичните и конфликтните ситуации во едно семејство и другарство изнесени од повеќето актери, „сочниот“ кавадаречки дијалект беше причина плус публиката во Салата на Народниот театар да се насмее од срце. Класична експозиција, напнат заплет, тешки кулминација и перипетија и лесен расплет се драмските етапи во адаптираното сценарио на претставата.
Режијата на комедијата „Како да (не) снимиш мрсен филм“ е на Диме Коцевски, а сценографијата на Диме Темков. Улогите ги толкуваат: Видан Станоев, Александар Видиков, Саше Орешков, Надица Ангелкова, Кристина Јованова, Деан Атанасов, Сијче Трајкова, Никола Деков и Диме Коцевски.