
„Диверзија“ го прослави својот 6-ти роденден со stand-up комедија
Во борбата помеѓу трите лика политичари, секој бранејќи ја
својата предизборна програма, сепак, гласачкатa машинерија- публиката му ја довери победата на толкувачот на улогите, Дејан Малзарков, со исполнување на седечкиот капацитет во Спортската сала „26 Април“ во Гевгелија. Несомнено, спојот на сатирата и комичното во добропознатите ликови на „Диверзија“- Чик Ванчо, Пецко и Џоче докажа дека Дејан Малзарков успешно опстојува 6 години на домашната сцена, освојувајќи ја не само гевгелиската публика туку и публиката од останатите градови во државата.
Иако „Митингот“ требаше да почне во 21:30 часот, уште во 21:00 часот, со нетрпение редици чекаа да влезат во Спортската сала „26 Април“ и да го проследат шоуто на Дејан Малзарков, кој на еден мошне оригинален и доста комичен начин ги прикажа аномалиите во општеството. Обраќајќи се на крајот од stand-up комедијата „Митинг“ дека токму тоа е и причината што вчера „Диверзија“ го прослави својот 6 роденден, упатувајќи ја својата благодарност до верните поддржувачи и следачи.