
Oдбележан Патрониот празник на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци
Иако училиштата низ цела Македонија се затворени поради пандемијата од Корона вирусот и своите обврски ги вршат од дома преку онлајн-настава, сепак, тоа не беше пречка ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци со подрачните училишта во Серменин, Кованец и Прдејци да го одбележат 8 Maj, Патрониот празник на училиштето, кој за првпат се одбележа во поинакви околности. Учениците од дома го прославија Патронот преку уметнички творби, индивидуални цртежи и поезија, со кои го претставија своето училиште.
Директорката на ООУ „Ристо Шуклев“- Гевгелија, Жаклина Линкова, по повод Патрониот празник на Училиштето истакна:
- Нашето Училиште е училиште во развој. Во изминативе години го менуваше својот изглед во позитивна насока за денес тоа да прерасне во една современа средина, технички добро опремена, во која учениците со радост доаѓаат, а вработените училиштето го чувствуваат како свое, во смисла на припадност. Горди сме на позитивната училишна клима и тимска работа која неизбежно води кон одлични резултати кои нашите ученици ги постигнуваат на општинско, регионално и државно ниво.