
Тодор Анчев, дел од 10 маратонци кои трчаа во чест на Тоше Проески
Тодор Анчев,
член на АК „7 Ноември“- Гевгелија, заедно со уште 9 маратонци, трчаа во чест на Тоше Проески. По повод, 13 годишнината од смртта на нашиот поп-пеач, осумте маратонци од нашата држава, од граничниот премин „Табановце“, преку Скопје до Крушево го истрчаа маратонот. Маратонците застанаа во центарот на Крушево извикувајќи го спортскиот поздрав „За Тоше!“ и продолжија да трчаат кон крајната цел, Меморијалниот центар и гробот на Тоше, каде ги положија црвените ружи.
„Ветивме дека ќе истрчаме 26 маратони, колку што ти имаше години. Денеска е тринаесеттиот.“, истакаа маратонците.
Двајца претставници на маратонците истрчаа симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска и положија цвеќе на местото на несреќата каде што загина музичката ѕвезда.