
Трето место за Валентина Узунова на кратката Треил трка во Штип
На кратката
Треил трка во Штип, 8 по ред, атлетичарката Валентина Узунова од АК „7 Ноември“- Гевгелија го освои 3 место со истрчано време од 2 часа, 9 минути и 21 секунда, во женска конкуренција. Боите на АК „7 Ноември“ ги бранеа и Методија Ичев и Мијалче Андоновски, кои, исто така, постигнаа добри резултати, во конкуренција со 158 атлетичари од сите краеви на државата.
И, годинава, патеката беше со должина од 18 километри со 750 метри висинска варијација. На патеката имаше еден окрепен пункт во селото Липов Дол на 8,9 километри од стартот на патеката, а попатно тркачите минуваа покрај неколку изворски чешми, меѓу кои Струмина на 2,8 километри од стартот, Љупчова на 7,1 и Куртбунар на 17,5 метри од стартот.