
„Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“
Деновиве,
ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија го збогати својот книжевен фонд за уште една книга од сопственото издаваштво- стручна литература од областа на медицината. Имено, излезе од печат „Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“, напишана од спец. д-р Андон Мандиќ и д-р Златко Трајков, вработени во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија. Иницијативата за изготвување и издавање на оваа книга е водена од загрижувачките статистички податоци во Центарот за Дијабетес, кои говорат за состојбата на населението во општина Гевгелија по однос на оваа болест.
Во овој научен труд се укажува на последиците, но и потребата од промената на начинот на живеење, како и за потребата од поширока едукација на населението, начинот на исхрана, значењето на физичката активност и превенцијата воопшто. Примероците од книгата ќе бидат бесплатни за населението и заболените од Дијебетес мелитус, како основа и поттик за понатамошната борба против модерната болест. Овој проект е поддржан и од Општина Гевгелија, преку Програмата за финансирање проекти од областа на културата за 2021 година.