
4 гевгелиски талентирани тенисери на ранг-листата на ТФМ за 2021 година
Општина Гевгелија
отсекогаш може да се пофали со истакнати млади таленти кои допринесуваат во развојот на спортот, но и во претставувањето на општината на државно ниво во најдобро светло, постигнувајќи врвни резултати. Дел од нив се четирите млади тенисерски таленти: Александар Грујиќ, Тина Сламкова, Кристијан Џотов и Слободанка Лозановска, кои на ранг-листата на Тениската федерација на Македонија за 2021 година ги заземаат високите позиции меѓу нивните конкуренти од државата во поединечните категории.
Така, на листата на Јуниори до 12 години, второто место е резервирано за Александар Грујиќ, а на 23 место се наоѓа Кристијан Џотов, додека на ранг-листата на Јуниори до 11 години, Кристијан Џотов го зазема одличното 9 место. Александар Грујиќ се наоѓа и на листата на Јуниори до 14 години и е пласиран на 14 место.
На ранг-листата за жени поединечно за 2021 година, Слободанка Лозановска е шеста, додека Тина Сламкова го зазеде 7-то место. Одлично се пласирани овие две тенисерки и на ранг листата на јуниорки до 18 години. Тина Сламкова го има 8 место, а Слободанка Лозановска е 11.