
Традиционален новогодишен концерт на Ансамблот „Бојмија“
И, оваа година не изостана
традиционалниот Новогодишен концерт на еден од најдобрите ансамбли за традиционална музика и игра во Македонија, „Бојмија“. На љубителите на народниот мелос кои во голем број се собраа во Народниот театар, членовите играорци им приредија уште една незаборавна вечер. Изведувајќи народни песни и ора со својот оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор.
Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ од Гевгелија е формиран 2004 година. Во него членуваат 120 членови на возраст од 10 - 25 години. Работи во 3 секции кои ги изучуваат традиционалните игри и песни од јужновардарскиот регион на Република Македонија - Бојмија, како и од другите краеви на државата. Ансамблот работи и со млади и талентирани музичари кои ја изучуваат македонската традиционална музика. Богатото културно наследство се презентира на домашни и меѓународни фестивали.