
Високопозиционирани членовите на АК „7 Ноември“ на Каварадечкиот полумаратон
На 4 Каварадечки полумаратон, во организација на
Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко, 20 члена на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија се натпреваруваа на сите три трки, на 5, 10 км. и на полумаратонската трка. На трката на 5 км, во машка конкуренција, првото место го освои Атанас Епов, Тодор Анчев 5 место, а Никола Ковачев 9 место. Додека, во женска конкуренција Цеца Србова го освoи второто место.
На трката на 10 км. во машка конкуренција, Ристо Чалков го освои второто место, а на полумаратонот во женска конкуренција, во групата 45+, Валентина Узунова се позиционираше на третото место. На полумаратонската трка учествуваа: Валентина Узунова, Методија Ичев, Мијалчо Андоновски и Николчо Ѓорѓиев, на 10 километри трчаа: Ангел Арнаудов, Благојче Темелковски, Живко Петков, Ангел Делиќ, Драган Ристов, Димче Андреев, Мики Петровски, Стојан Делев, Дарко Прошевски и Ристо Чалков. Додека, во трката на 5 километри се натпреваруваа: Цеца Србова, Никола Нанчев, Атанас Епов, Русимка Динева, Никола Ковачев и Тодор Анчев.
На 4 издание на Каварадечкиот полумаратон учествуваа повеќе од 350 тркачи во сите категории (детска трка, 5км, 10км и полумаратон).