
Денот на шегата одбележан во Гевгелија со „Априлијада“
Денот на шегата,
1 Април, во Гевгелија беше одбележан со одржувањето на традиционалната „Априлијада“. На Градскиот плоштад, дечињата од нижите одделенија во ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Владо Кантарџиев“, како и дечињата од возрасните групи во детските градинки ги презентираа групните маски со креативни костими и кореографии пред своите родители и многубројната публика. Но, и пред комисијата, задолжена за оценување на групните маски.
За најуспешни 5 групни маски се прогласени: „Пирати“- I г одд. од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, „Рококо“- III 2 oдд. од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, „Корона чао“- III a одд. од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, „Рокери“- V 2 одд. од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и „Сложувалка“- IV в одд. од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија. Жири-комисијата одлучи да додели и една специјална награда на групата „Пеперутка“ од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за маската „Весели рибички“. Истакнувајќи дека годинава, поради големиот број успешни маски, претешка била одлуката да се издвојат најдобрите. Честитајќи им на наставниците, воспитувачите и родителите за нивната соработка во креацијата на маските.
Одржувањето на традиционалната „Априлијада“ беше во организација на ЈОУ Пионерски дом- Гевгелија, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и покровителство на локалната самоуправа. Денеска, во училиштата ќе им бидат врачени наградите на одделенијата, прогласени со најуспешни групни маски.