
Започна со работа Летната ликовна школа за деца
Oд 1 јули, 2022 година,
во просториите на Народниот театар, започна со работа Летната ликовна школа, наменета за дечиња од општина Гевгелија кои покажуваат интерес и талент за ликовната уметност. Имено, Летната ликовна школа е посетена од 40 дечиња, на кои часови во времетраење од 2 часа, под менторство на ликовниот уметник Александар Јанев, се учат тајните на различни ликовни техники.
Целта на оваа десетдневна Летна ликовна школа е пред се дружба на младите ликовни таленти од општина Гевгелија, кои ќе ги прошируваат и надградуваат техниките за цртање. Но, и пополнето време во бои додека трае летниот распуст.