
Сите први места за АК „7 Ноември“ на Треил трката во Агиос Петрос, Грција
АК „7 Ноември“- Гевгелија
успешно се претстави на Треил трката во Агиос Петрос, Грција. На ова второ издание, 11 члена ги бранеа боите на знамето на Атлетскиот клуб.
На трката на 5 километри, Атанас Епов го освои првото место, додека првото место на трката на 10 километри во женска конкуренција го освои Валентина Узунова. Во машка конкуренција, од трката на 10 километри, на подиумот за првите три места застанаа Ристо Чалков, Срѓан Милошевски и Стојан Делев.