
БОШ оаза во Гевгелија
Викендов, заврши 14 издание на
„БОШ фестивал 2022“. Годинава, организаторите ЗЛУКР „Арт Еквилибриум“ приредија богата и разновидна дводневна програма со уметнички случувања од алтернативната култура. „БОШ фестивал 2022“ беше домаќин на изложби, инсталации, видео-проекции, филмови, промоција на роман, работилница за деца, година Саем на независно издаваштво концерти, и промоција на мурал во двата фестивалски денови кои беа одржани во Народниот театар, Уметничката галерија Амам во Гевгелија и на Ракометното игралиште во Гевгелија.
- 14 години БОШ оаза во нашата база Гевгелија. Фестивалот расте секоја година барем за едно скалило погоре, како организациски, така и продукциски. Како расте фестивалот, така растеме и ние како екипа, тим… Од самите почетоци БОШ си ја има зацртано траката по која ќе се движи, програма претежно застапена од независната и алтернативната сцена, странска или наша, ќе истакне Марија Стојанова, која е дел од екипата на „Арт Еквилибриум“, а веќе 14 години по ред во чест на Бошко Бозаџиев, прерано починатиот актер и поет од Гевгелија, успешно го организира фестивалот.