Гевгелиските музички маратонци- сплотени хуманитарци
Гевгелиските
музички артисти и бендови сплотени ја покажаа својата хуманост со прифаќањето учество на хуманитарниот концерт „Музички маратон“. Вчера, во Големата сала на Народниот театар, посетителите уживаа во домашна и странска рок и поп-музика, во изведба на: Ангела Зафирова, Дијана Јакимова, „Ангели“, Димитар Ангов и Кристијан Марковски, Моки, Марија и Крџев, Коста и „САП Брад'рс“, „Астра бенд“, „Леге Артис“, „Панта Реи“, Оливера Станковска и Теодора Гошева Капсарова, кои сите со една иста цел, го дадоа својот придонес во собирањето донации за лекувањето на Емилија Николовска и Дамјан Хаџи Николов. За што, во холот на Народниот театар- Гевгелија, беа поставени кутии за донации, каде посетителите можеа да донираат парични средства.
Имено, овој концерт беше во организација на Општина Гевгелија, а во соработка со Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и локалните музичари.