Виртуозен настап на Аулостите во Гевгелија
Во Народниот театар- Гевгелија, на 3 октомври,
2022 година, квартетот флејтисти „Аулос“, во состав на: Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева, Ангела Димковска и Александар Лолески, одржа целовечерен концерт. Гевгелиските љубители на класична музика уживаа во едночасовното усогласено интерпретирање композиции од повеќе музички композитори. На програмата за концертот, беа застапени дела од: Моцарт, Бричалди, Бифтинк, Боца, Бертомис и Гајат.
Во размер од три спрема еден по родова застапеност, младите флејтисти на „Аулос“, дипломирани флејтисти или студенти од класата на реномираниот професор по флејта, Страшо Темков, настапија виртуозно, а на крајот од концертот добија долготраен и громогласен аплауз од присутните. Што, несомнено, беше потврда дека Аулостите им приредија пријатна вечер на гевгеличани, исполнета со милозвучните тонови на флејтата.