
Ликовна изложба "Сеќавање на детството"
На 1 февруари 2019 година (петок), во Пионерскиот дом во Гевгелија, во 19 часот,
ќе биде отворена изложбата „Сеќавање на детството“. Ова претставува ликовен проект на ликовните уметници: Дејан Мачуков и Цветан Караѓоргиев, во кој на свој начин сакаат накратко да се навратат во тој безгрижен период и вечно да ги зачуваат најскапоцените доживеани емоции. На изложбата ќе бидат изложени околу 20-тина слики изработени во различни сликарски техники.
Цветан Караѓоргиев е роден на 29 Април 1994 година во Гевгелија,и уште како мал искажувал желба кон цртањето и сликањето, учевствувал на многубројни ликовни конкурси и е добитник на голем број признанија.Се мотивирал да продолжи со сликарство, од свое хоби да прерасне во поголемо нешто. Дејан Мачуков е роден 23 Јули 1994 во Скопје. Дипломирал во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред.проф.Благоја Маневски. Учевствувал на многубројни групни студенски изложби.