Награда за СОУ „Ј. Јосифовски“ на Меѓународниот конкурс за поезија и театар во Италија
На Меѓународниот конкурс
за поезија и театар „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија, ученичките Боркица Ѓоргиева, Данче Стоименовска и Емилија Ванчева, под менторство на професорките Тања Чугунцалиева и Емилија Дуганова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, се наградени со специјална награда за училиштен проект, поема со наслов: „Насмевки на душата“.
На натпреварот учествуваа илјадници млади поети од 90 земји од светот. Тоа е единствениот натпревар кој ги оценува песните на нивните оригинални јазици благодарение на полиглотното жири.