
Поетите рецитираа за патрониот празник на библиотеката "Гоце Делчев"
Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија го одбележа патрониот празник
-147 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Голем број на љубители на поезијата се собраа во малата сала на Народниот театарза да ги чујат авторите Стефчо Стефанов, Стефан Марковски, Олгица Ќурчиева, Ценка Попова Милковска, Љубица Томова, Снежана Ристова,Ѓорѓи Никодиноски, Петар Јанчев, Жаклина Атанасова, Томе Таушанов, Моника Игева Ризова и Коста Карев.
Музичката поддршка беше на Александар Сандревски.