„Бојмија“, добитник на уште една Гран при награда
„Ансамблот Бојмија“
уште еднаш го докажа својот квалитет во негувањето и презентирањето на македонскиот изворен фолклор. Со сценската поставка „Посеље“ тие ги освоија срцата и на публиката и на жирито, со што заслужено освоија Гран при на овогодишното издание на Интернационалниот мултикултурен изворен фестивал „Велигденски средби“.
Фолклорниот фестивал „Велигденски средби“, оваа година, го имаше своето 18 -то издание, а се одржа од 15 до 17 април во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, во непосредна близина на с. Ораовица. На Фестивалот настапија домашни и странски културно-уметнички друштва од Македонија, Косово и Бугарија.
Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуват обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Организатор на Фолклорниот фестивал е Ансамблот „Китка“ од село Ораовица.