Доживувања на бранови и треперења со ликовната инсталација на Кованцалиев
Платото пред
Народниот театар- Гевгелија блесна во различни бои со делата на гевгелискиот уметник Перо Кованцалиев, кој во рамки на својата ликовна инсталација им понуди доживувања на гевгеличани со бранувања и треперења преку „Гевгелиско културно лето“. Настанот „Импулси, треперења, одблесоци“ го отвори директорката на ЈОУ Дом на култура „Македонија“, м-р Мирјана Крстева Массетти.
Ликовната инсталација ја сочинуваа неколку кинетички објекти кои се придвижуваат со електрични мотори аплицирани на различни метални конструкции што образуваат различни движења. Овие метални системи се прикриени од текстилен материјал со рефлектирачки особености. Објектот е осветлен со RGB LED Lights чии светлосни зраци се рефлектирааат неконтролирано во просторот. Според Кованцалиев, кинетичката инсталација го доближува убавото и непознатото, присутно како дел од технократската култура во нашето секојдневие и тежнее кон нејзино редефинирање во општествените културни сфери.