Битолскиот книжевен круг- гостин во Гевгелија
Во Народниот театар,
гостуваа членови на Битолскиот книжевен круг, Писателска асоцијација којашто веќе 17 години ги поврзува писателите од Битола и битолскиот крај. Меѓу присутните беа актуелниот претседател на Асоцијацијата, Зоран Пејковски, поранешните претседатели- Петре Димовски (прв претседател) и Елизабета Јончиќ, како и современиот македонски писател, Михајло Свидерски.
Настанот го отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија, Стефан Марковски, а за историјатот на Битолскиот книжевен круг свое кратко излагање имаше претседателот на асоцијацијата Зоран Пејковски, кој претстави и дел од нејзините печатени изданија.Модератор на настанот беше Михајло Свидерски. Извадоци од своето творештво прочита секој од присутните членови на Битолскиот книжевен круг. Вечерта беше збогатена и со музички дел, за што беа задолжени изведувачите Илија Караџов (кларинет) и Ѓорѓи Танчев (хармоника).