
Интересна изложба на млади фотографи
Интересна изложба на фотографии се случи во Старата чаршија
во Гевгелија. Со овој изложбен настан беше завршена работилницата на млади фотографи, која во мај ја организираше Пионерскиот дом во Гевгелија, под раководство на гевгелискиот фотограф Димитар Новаков. Идејата на тридневната работилница беше, истакна на отворањето Димитар Новаков, да се развие свеста за квалитетна фотографија и да се едуцираат вљубениците во фотографирање за вистинската смисла на фотографијата и нејзината уметничка вредност. За таа цел работевме на потикнување на имагинацијата за креирање фото приказни и запознавање со напредните техники за креативни фотографии. Вниманието беше ставено на пејсаж фотографии, но и на изработка на улична и ноќна фотографија. Во иднина очекувам што повеќе да се организираат вакви работилници, бидејќи на тој начин се отвара можност на што повеќе млади луѓе, преку уметничката фотографија да раскажат некоја своја приказна и да го променат светот, на убаво, се разбира, рече Новаков.
Во прекрасниот амбиент на Старата чаршија беа изложени фотографии на 10 гевгелиски млади готографи, учесници во работилницата.