Дежурни аптеки за месец април во Гевгелија
Според направениот список од Министерството за здравство, за месец април во Гевгелија аптеките: „Биофарм 1“, „Медика 2003“, „Фармација плус“ и „Биофарм 3“ се дежурни.
Сите наведени аптеки ќе се менуваат периодично, т.е. нивното дежурство ќе трае по една недела. Аптеките работат по телефонски повик од лекарски тим од здравствена установа на нивните дежурни телефони. Граѓаните кои имаат потреба од лекови, треба да се јават на својот матичен лекар или на Брзата помош во Гевгелија во зависност од работното време на здравствените установи.
Распоред за дежурни аптеки и контакт телефон:
- „БИОФАРМ 1“; oд 7 до 13 април; 078/218-308
- „МЕДИКА 2003“; од 14 до 20 април; 071/218-888
- „ФАРМАЦИЈА ПЛУС“; од 21 до 27 април; 070/226-496
- „БИОФАРМ 3“; oд 28 април до 4 мај; 071/988-260