Социјална услуга - лична асистенција на лица со попреченост
Наскоро, социјалната услуга- лична асистенција на лица со попреченост ќе биде достапна бесплатно во Гевгелија и Богданци преку ОО Црвен крст- Гевгелија, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, поддржан од Светска банка. Оваа услуга ќе биде бесплатна и ги опфаќа лицата со потешка и најтешка попреченост и комбинирана и лица со целосно оштетен вид- деца и возрасни со намален функционален капацитет.
Повеќе информации: директно во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија или на тел. број 077 699 036, контакт-лице Анита Јовановска, проектен координатор.