
„Европорта ФЕСТ, 2020“: Прогласени победниците во неколку категории
По претставувањето на талентите од Гевгелија и пошироко
на Музичкиот фествивал „Европорта ФЕСТ, 2020“, организиран од Здружението на граѓани „Внимание“, на Финалната вечер, беа прогласени победниците на кои им беа доделени награди. Севкупен победник на фестивалот е Септетот составен од: Лилјана Накова, Константина Димитрова, Иван и Никола Илиевски, Катерина Попова, Ангела Зафирова и Билјана Дуева, кои маестрално ја исполнија песната „We are the world“.
Во категоријата од 13 до 18 години, победници се: Ангелина Несторова, Судем Хараманда и Благој Панов, а во возрасната група од 19 до 24 години: Катерина Јовановиќ од Валандово, Ванеса Маркова и Филип Хаџикојчев. Во категоријата дуети, Ванеса Маркова и Филип Ангов, Благоја Панов и Ники Полизоева и Мартин Костадинов и Судем Харманда ja понесоа титулата како најдобри.