
Oрганизирана Априлијада преку е-настава
И покрај пандемијата од Корона вирусот, наставниците од Основните училишта и Детските градинки
од општина Гевгелија не беа спречени во креативноста и волјата за работа да го одбележат 1 Април- Денот на шегата, така што ја организираа Априлијадата преку е-настава во домашни услови.
Учениците своите креации и цртежи со маски им ги претставија на нивните наставници, а наставниците на Фејсбук-страниците на Основните училишта и Детските градинки со слики ги пофалија индивидуалните изработки на учениците.