
Одржана онлајн- Годишната изложба на Ликовната работилница
На официјалната Фејсбук-страница на Пионерскиот дом- Гевгелија, вчера се одржа онлајн-изложба на Ликовната работилница при Пионерскиот дом.
Изработеното видео е сублимат од над 90 цртежи и изработки во текот на учебната година, односно детски цртежи од различни возрасти со различни техники на сликање како: акварел, темпера, колаж, гваш и неколку експериментални техники имајќи ja предвид возраста на учениците кои се дел од Ликовната работилница, под менторство на ликовниот уметник, м-р Мирјана Крстева Массетти.
Oваа година, Ликовната работилница одбележува јубилеј, 5 години од нејзиното постоење. Наставникот Массетти активно се залага и придонесува за усовршување на детскиот талент за сликање и творење квалитетни уметнички дела од гевегелиските дечиња.