
Одржан концертот „Под месечина“ на Гелебешев и Коцевска
Во
организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, на 27 август, со почеток во 20:00 часот, пред платото на Народниот театар- Гевгелија, се одржа музичкиот концерт на Александра Коцевска- мецосопран во придружба на Глигор Гелебешев- пијано.
Во природа, под светлото на месечината и пријатните звуци на птиците, одекнаа звуците на популарните шпански песни од композиторите Гранадос, Обрадорс, Сарасате, Сантош и Росини, двајцата успешни уметници и професори од ДМУБУЦ „Илија Николовски- Луј“ од Скопје, мецосопранот Александра Коцевска и пијанистот Глигор Гелебешев со својата изведба ги разгалија срцата на љубителите на музиката во Гевгелија, и предизвикаа аплаузи на отворена сцена.
Музичкиот настан беше одржан според протоколите за организирање настани согласно законот од Комисијата за заразни болести, со почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, односно носење маски, држење физичка дистанца и дезинфекција на рацете.