
Првото место во полумаратонската трка на Валентина Узунова, посветено во чест на Ѓургица Ќаева
Прво место
за Валентина Узунова, гевгелиската маратонка и член на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ на полумаратонската трка „Охрид Трчат 2020 година“, во категоријата 50+. Исто така, се најде на 13 место во генералниот пласман на жени.
Нејзиниот натпреварувачки дух го посветува на лицата заболени од пулмонална хипертензија, а овој пат нејзината победа ја посвети на Ѓургица Ќаева, гевгеличанката која го загуби животот во битката со оваа опака болест.
На оваа трка, освен Валентина Узунова, учествуваа и: Атанас Епов, Никола Ковачев, Ангел Арнаудов и Стојан Делев, кои исто така се членови на Атлетскиот клуб од Гевгелија „7 Ноември“. Шестото место во категоријата трка на 5 километри, со истрчано време од 20 минути и 12 секунди го освои Атанас Епов, додека Никола Ковачев 62 место, а Анхгел Арнаудов 142 место.
„Охрид трчаТ 2020“ се организираше по четврти пат со 500 учесника, со почитување на протоколите и насоките од Комисијата за заразни болести.